Фирмата ДЕМАК е основана во 1997 година и основната дејност е трговија со бушачки алат, прибор и опрема за рудници, каменоломи, тунелско и сржно дупчење и слични градежни дејности.
Фирмата е основана благодарение на големото работно искуство во рударството на Г-дин. Атанас Дечев.
Управител на Фирмата е Г-дин. Ѓорѓи Дечев кој продолжува да работи во областа на рударството.
Фирмата ДЕМАК е застапник на следните Фирми во Македонија:
· ROCKMORE International GmbH, кои во производниот програм го имаат следното: Моноблок Бургии, Усадници, Споиници, Шипки, Круни и др. за сите видови и марки на дупчалки.
· SCHAFFLER: Машини за минирање и ОМ-метри.
· GHH Fahrzeuge: Јамски утоварачи, Дампери и резервни делови за истите.
· PERMON: Пнеуматски Чекани и Пикамери.
· SWEDFAN: Вентилациони Системи - Лутни и Вентилатори.
· JP JENSEN: Вентилациони црева - Лутни.
· HARDI: Анкери за Јамско анкерисување (Сплит-Сет).
· Xcentric Ripper: Ексцентричен кршач-додаток за багери со кои се врши ископ и кршење
Исто така Фирмата ДЕМАК соработува и со други Фирми од оваа област за набавка на:
- Резервни делови за сите видови на бушачки машини
- Резервни делови за DEUTZ мотори
- Резервни делови за сита HEIN LEHMANN
- Електрични споиници - Втичници
- Изометри
- Пумпи за дизел мотори
- Челични јажиња за рударски окна
- Гуми за јамски Утоварачи и Дампери (Нови и Обновени)
- Специјални електроди за наварување отпорни на температура, абразија и удари.
Покрај ова Фирмата ДЕМАК стои на располагање за било каков интерес во областа на Рударството, Тунелско дупчење, Сржно дупчење, Каменоломи и слично.